ТОП 10 НАВЛИЈАТЕЛНИ ВИДЕО ИГРИ

popara27 август, 20112min00

Денес сме сведоци на безброј игри на интернет, потоа најразлични и најнови верзии на Play  Station и што ли уште не. До каде сè ќе одат видео игрите? Па, ги има во милион верзии, па сега тие 3D се најпопуларни и така. Децата се заразени со нив и не можете ни на 5 минути да ги оддалечите од компјутерот.  А кој е единствениот виновник за сето ова? Погледнете каде се зачетоците на првите видео игри и какви биле тогаш, а какви се сега. Без разлика, нивната цел секогаш била разонода и создавање зависност. Можеби овие видео игри ќе ве потсетат и на вашето детство кога по цел ден дремевте пред нинтендото. Па, повелете, прочитајте:

10. Астероиди

Играта се појавува во 1979 година и е дело на Атари. Доживеала моментален успех и била една од најиграните игри во 80-тите. Флиперите требало да почнат да ги прават со поголеми размери оти не ги собирало жетоните.

Во играта, играчот контролира триаголен вселенски брод кој лета во астероидно поле, обидувајќи се да избегне контакт со астероиди, а истовремено ги уништува за да собере поени. Повремено, доаѓа по некој вселенски брод со вонземјани претставувајќи посериозна закана во споредба со обичен астероид.

9. Феникс

Феникс е игра развиена од Армстар Електроникс во 1980 година. Станала популарна поради што била во боја, а тоа во времето било нешто незамисливо.

Играчот контролира вселенски брод кој се движи само хоризонтално. Целта е да се уништат непријателските вселенски бродови слични на птици, а истовремено го избегнува и противничкиот оган. Откако ќе избегне бројни противници, играчот се соочува со „мајката-брод“ која е потешко да се победи, но носи повеќе поени.

8. Галага

Галага е создадена и објавена од „Namco“ во 1981 година. Се покажа како доста успешна, па беа развиени 5 продолженија во наредните години. Последната верзија излезе во 2011 година.

Во играта, играчот мора да уништува инсектовидни вонземјани за да добие поени, а истовремено да избегнува оган и контакт со непријателот. Ако не се навреме уништени, непријателите можат да летнат кон играчот. Опасноста на непријателот се познава по бојата; зелените се најсмртоносни, а сините најнеопасни.

7. Кју*Берт

Оваа игра на платформа е објавена во 1982 година од „Gotlieb“.  Критиците беа доста позитивни што се однесува до графиците, уникатноста на играта и главниот карактер во неа. На успехот му следеа повеќе продолженија, а карактерите од играта можеа да се најдат на играчки и во едно анимирано ТВ шоу.

Целта на играта е да се запалат сите хоризонтални коцки на пирамидата, а главниот лик скока по полињата. Играчот смее да скока само дијагонално и треба да избегнува пречки во вид црвени топки кои паѓаат на пирамидата од горе. Ако играчот скокне од пирамидата, губи живот и пцуе.

6. Фрогер (Жабар)

Фрогер за прв пат се појавува во 1981 година и е развиен од „Konami “. Поради големата популарност во тоа време, овој лик станал бесмртен и се појавува во анимирани шоуа и текстови на песни.

Во играта, жабите треба да се носат дома, една по една. Жабите треба да ги одбегнуваат автомобилите на една прометна улица и да внимаваат да не паднат во реката. Кога играчот ќе однесе пет жаби дома, преоѓа на следно ниво.

5. Марио Брос

Развиена од Нинтендо, играта Марио Брос се појавува во 1983 година. Изненадувачки е што прво била успешна само во Јапонија и критиците немале добро мислење за играва. Сепак, Марио го трасира патот за следните видео игри на Нинтендо. Марио е претставен како водоводџија, а потоа се воведува и Луиџи.

Играчот го контролира Марио или Луиџи, кои ги испитуваат цевките на Њујорк откако се појавиле некои чудни суштества. Целта е да се уништат тие суштества во секое ниво. Марио само трча и скока, па мора да скокне на непријателот за да го зашемети и потоа да го шутне.

4. Освојувачи на простор

Оваа игра потекнува од Јапонија и ја продава Таито во 1978 година. Претходник е на модерните видео игри и помогнала да се дефинира позадината на просторот за борба.

Играчот контролира мала кула туркајќи ја хоризонтално по дното на екранот и пукајќи кон непријателот. Треба да се поразат пет редици од по 11 вонземјани кои исто се движат хоризонтално и полека слегуваат надолу. Поени се добиваат кога ќе се убие непријателот. Што повеќе непријатели се убиени, музиката и нивното движење се забрзува. Доаѓаат се потешки нивоа, кои можат да траат бескрајно.

3. Донки Конг

Донки Конг е на Нинтендо и е создадена во 1981 година. Играта станува најпозната во Северна Америка и има големо влијание врз видео игрите понатаму. Со оваа игра, Нинтендо завладеа на пазарот со видео игри во 80-тите и раните 90-ти.

Играчот го контолира „скокачот“кој  е во обид да спаси една млада девојка од канџите на страшен мајмун. Скокачот мора да помине низ неколку сцени на скали и лизгалки, а истовремено да ги избегнува бурињата и другите опасности. Кога играчот ќе стигне на врв на екранот и ќе ја допре девојката, продолжува во следно ниво. По три нивоа, следува борба со мајмунот за да ја спаси девојката од заробеништво.

2. Пакман

Пакман е оригинално создадена од „Namco“ и пуштена во Јапонија во 1980 година. Стана популарна во целиот свет и е прав синоним за видео игрите генерално. Во време кога повеќето игри беа со вселенски бродови, Пакман создаде цела генерација нови видео игри.

Целта на играта е да се изедат точките на патот. Кога ќе се изедат сите точки на екранот, се преминува во друго ниво. Играчот го бркаат четири непријатели во вид на духови, кои ако го допрат Пакман, губи живот. Кога Пакман ќе изеде голема точка, духот станува син и станува побавен за кратко. Пакман има можност да ги изеде духовите за екстра поени.

1. Понг

Понг е тениска игра и една од најстарите од овој вид, односно првата што го привлекла вниманието на јавноста. Изработена од Атари и пуштена во продажба во 1972 година.  Неколку други компании се обиделе потоа да ја копираат оваа игра. Тој натпревар за поинтересна игра доведе до раѓање и развој на индустријата за видео игри. Да не беше Понг, многу други игри како Марио и Пакман немаше да постојат.

Играта е неверојатно лесна. Играчот контролита рекет кој се движи вертикално на левата страна од екранот и се игра или против компјутерот или против друг играч до вас. Топчето се удира со рекетите, а целта е да се освојат повеќе поени од противникот; многу слично на спортот тенис.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma