ТОП 10 НАВИСТИНА УСПЕШНИ КРАДЦИ

27 август, 20110

Денес, со сета оваа напредна технологија и со ДНА доказите, многу е тешко, ако не е невозможно да се биде успрешен крадец. Сепак, огромен број на кражби од голем калибар биле неодамна изведени и крадците не биле фатени. Подолу ќе ви опишам неколку крадци кои успешно си ја завршиле работата и украле кеш или вредни објекти, а никогаш не ги сноселе последиците за своето злодело. На крај, излегува дека сепак, понекогаш, криминалот се исплаќа.

 

10. Францускиот „Vacuum Gang“

Од 2006 година, група на крадци откриле некои слабости во системот каде се чува кеш во „Monopix“ супермаркетите во Франција и досега испразниле неколку сефови само со помош на дупчалка и правосмукалка со која ги вшмукувале парите од сефовите каде мајсторски правеле дупки со дупчалката. Овој модел на кражба е доста уникатен од причина што повеќето крадци користат експлозив, ласерски сечач или пак, го кршат сефот. До 2011 година оваа банда украла вкупно 800.000 долари во 15 кражби, а едниствени докази се неколку ленти со маскирани мажи на нив.

9. Париските крадци на банки од 2010 година

Во март, 2010 година, крадци влегле во Лионската Кредит банка, во централен Париз и украле неколку милиони евра во кеш и злато. Крадците влегле преку подрумот од соседната куќа, правејќи мала дупка. Стражарот чул врева , но набрзо бил врзан за стол и замолчен. Бандата испразнила 125 сефови за неколку саати. Потоа запалиле огон за да ги уништат сите докази. Цела операција им одзела околу 9 саати. Крадците никогаш не биле откриени и сеуште се на слобода поради немање доволно докази против нив.

8. Карл Гугасиан

Неговата кариера на крадец траела скоро 30 години и во тоа време украл над 2 милиони долари. Бил ранет на 15 години од полицијата и се решил на живот како криминалец. Магистрирал на  Анализа на системи, а имал и воен тренинг за ракување со оружје. Неговите планови за кражба на банки биле многу детално изработени и крадел само во петок, неколку минути пред банката да затвори. Грабал сè што ќе му се најдело и за нецели две минути бегал. На крај, при една кражба бил фатен и уапсен. Добива затворска казна од 17 години која сеуште ја отслужува.

7. Крадец на Музејот за модерна уметност во Париз

Сам крадец во мај, 2010 година влегол во музејот и украл уметнички дела на Пикасо и Матисе кои вределе околу 100 милиони фунти. Алармот најверојатно бил расипан, а стражата не чула ништо. Крадецот успеал да скрши еден прозорец, да ги извади сликите од рамките и да побегне невиден. Се мисли дека кражбата е нарачана од приватен собирач на уметнички дела и до ден-денес никој не е уапсен за оваа кражба. Ова е пример на сериозна кражба каде системот за обезбедување бил никаков, а се работело за екстремно вредни објекти.

6. Дерек „Берти“ Смалс

Берти Смалс бил британски вооружен крадец активен во 60-тите и 70-тите, а почува да краде од 15 години. Во 1970 година, заедно со група крадци извршуваат кражба на „Barclays Bank“ во Илфорд и бегаат со 237,736 фунти, што во тоа време било рекорд. Смалс бил лидер на бандата и полицијата тоа го знаела. Му следувала 25-годишна казна затвор, па тој понудил да ги поткаже сите други крадци во замена за неговата слобода. Така добил државен имунитет. Берти ги кажал сите негови соработници и сите тие добиле доста години затворска казна. Берти живеел до крајот на животот под полициска заштита.

5. Крадците на „Isabella Steward Gardner“ музејот

Во 1990 година, двајца мажи маскирани како полицајци влегле во музејот и украле дела на Рембрант, Вермиер, Мане, и Дега во вредност од 500.000.000 долари. Стражата била измамена од маскираните полицајци и потоа врзана во подрумот. Следното утро, полицијата не нашла ништо освен заврзаните стражари. Празните рамки сеуште стојат за да музејот се сеќава на оваа голема кражба на уметнички дела. Крадците никогаш не побарале откуп, иако музејот нудел дебела пара за било каква информација која би била од помош.

4. Школата на Турин

Во февруари, 2003 година, Школата на Турин била подготвена да ја изврши најголемата кражба на дијаманти. За да членовите на бандата дојдат до дијамантите имале доста потешкотии. Кодови, врати, непробојно стакло, сеф со магнети, автоматски аларми и сл. Бандата успеала сето тоа да го среди и да ја надитри целата технологија употребена. Крадците не ги украле само дијамантите туку и документите за легално да ги продадат. Само лидерот на бандата добил 10 години казна затвор, а другите членови се извлекле без еден ден затвор и со дебели банкарски конта.

3. Кражбата на „Baker Street“

Оваа кражба се случила во Лондон во 1971 година, кога тим крадци украле 3 милиони фунти во кеш и злато од „Lloyds Bank“. Крадците користеле неколку инструменти за сечење метал и влегле од соседната продавница преку подземен тунел. Иако имало сомнеж за кражба, полицијата не успеала да ги фати за време на кражбата. Овој грабеж никогаш не е осветлен, а постои и филм според овој настан.

2. Пинк Пантери

Пинк Пантерите се српска банда за кражба на скапоцени камења, за која Интерпол верува дека ги има изведено некои од најневозможните вооружени кражби. Нивните планови се генијални и дури и криминалистите им се воодушевуваат. Оперираат во повеќе земји, а во Јапонија е извршена една од нивните најуспешни кражби. Имаат крадено скапоцени камења и во Лондон во вредност од 500.000 фунти. Познати се по опасните бегства и креативните упади при кражбите. Во Сен Тропе влегле во продавница со цветни маици на нив и избегале на глисер. Неколкумина од бандата се затворени, но се смета дека групата брои околу 200 членови. Водич на бандата се вели дека е Драган Микиќ, кој еднаш во 2005 година избегал од затвор и сеуште е во бегство.

 

  1. Алберт Спагиари

Француски криминалец со досие кој е најпознат по кражбата на „Societe Generale“ банката во Франција во 1976 година. Прв пат украл за девојката, но бил фатен.  Едно времер аботел како фотограф, па му здосадило и почнал да го планира грабежот на банката. Знаел дека сефовите се во подрумот, па оттаму и почнал да го крои планот. Собрал и банда од Марсеј да му помогне во копањето на тунелот, кое траело 2 месеци. Украле 60 милиони франкови и други скапоцености. Еден член на бандата ги издал сите, но Алберт му избегал на судијата скокајќи од прозорец и бегајќи со мотор. Никогаш не бил пронајден, а починал од рак на грлото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma