Ла Toya Џексон била задоволна од пресудата во која д-р Конрад Мареј бил прогласен за виновен за убиство на Мајкл Џексон поради небрежност. Само неколку минути откако била кажана пресудата, Ла Тоја изјавила: “Правдата е задоволена”. Додека нејзината сестра Риби го изјавила следното: “Среќна сум што се се заврши. Ништо не може да ни го врати Мајкл, но јас сум среќна што Мареј е прогласен за виновен”.
Целото семејство на починатиот крал на попот било присутно во судницата, а неговата сестра, Џенет ја прекинала турнејата само да биде присутна на читањето на пресудата.
Д-р Конрад Мареј би можел да добие условна казна до четири години затвор, и со сигурност ќе ја изгуби лиценцата за работа.
Родителите на Мајкл, Кетрин и Џо со нетрпение ја чекале пресудата. “Ние долго време го чекавме овој момент и не можевме да ги задржиме солзите во судницата. Иако ништо не може да ни го врати во нашиот син, правдата сепак е задоволена, изјавиле родителите на Мајкл.
Казната на д-р Конрад Мареј, ќе биде изречена на 29-ти ноември, а дотогаш ќе мора да лежи во притвор, бидејќи судијата одлучил дека докторот е опасен за околината и побарал мерка притвор до пресудата.