Хај – тех куќата „Cluny“ во Сингапур по проект на „Guz Architects“ буквално тоне во зеленило, а големиот внатрешен двор е претворен во вештачко езеро.
Во овој неверојатен дом се внесени многу авангардни технологии со разнообразна намена кои го прават достоен пример за дом од иднината. Резервоарите за напојување и покривната градина ја собираат и рециклираат дождовната вода. Планот на куќата е ориентиран кон внатрешниот двор – езеро што претставува пример за дизајн од висока класа. Како што и сами ќе видите, насекаде во куќата и надвор од неа преовладува зеленило, топлина и комфорт.