Нивес Целзиус: На мојата свадба не носев гаќички! Аман, како не отидов на свадбата:)))

14 ноември, 20110
0

Нивес Целзиус му го отворила својот гардеробер на “Mодниот мачор” и му ги покажала чевлите за секс, свадбениот фустан и други модни парчиња од најновата колекција. “Јас не сум некоја класична жена која сака шопинг, дури сум и многу мрзелива кога станува збор за тоа. Можеш ли да веруваш дека со години не сум купила апсолутно ништо, ни долна облека, ни градник, ни чорапи?”, му ракла Нивес на Марко Грубниќ во шоуто Ексклузив Викенд . “Ако ме прашаш, јас секогаш би одела гола”, додала Нивес.

На прашањето како го освојува својот сопруг, Дино Дрпиќ, секси старлетата одговорила: “Со текот на годините некои работи се променија, во почетокот беше возбудливо откривање,а сега тој е среќен кога ќе се избричам, кога нема да го дочекам влакнеста..” Нивес раскажала и некои детали од нивната венчавка во Лас Вегас. Таа кажала дека на тој ден се расправале, бидејќи тој купил сиви Гучи чевли, а кога пристигнал во хотелската соба, увидел дека тие се со плава боја. “Дино ме повика целиот во паника и сакаше да ја откаже свадбата. Му реков да се смири малку и дека ќе видам за што станува збор”, изјавила Нивес, додавајќи дека на свадбата немала гаќички, бидејќи ги заборавила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *