Домородец го ранил со две стрели, зошто ја сакал неговата девојка

3 јули, 20110
1

Метју Шејрих(28) од Нов Зеланд минатата недела заминал во посета на својата девојка во Папуа, Нова Гвинеја. Сакал и самиот да се запознае со убавините на островот, каде неговата девојка проучува племе со домородци за нејзиниот докторат. Шетајќи низ селото се разминале со припадник на истото племе на кој наводно му се допаднала девојката на Метју,  и веројатно според нивните локални обичаи веднаш одлучил дека треба да ја има за себе.
Тој и се нафрлил на девојката, но Метју веднаш реагирал и го спречил во обидот, тогаш домородецот со две стрели го погодил Метју во градите. На тоа веднаш реагирал племенскиот “шериф” кој зел камен и го погодил домородецот по главата. Метју некако успеал да ги извади стрелите од градите, а неговата девојка успеала да побегне.
Домородецот повторно ја фатил девојката и сакал да ја силува, но девојката повторно успеала да му избега.

Парот некако успеал да избега од селото и со помош на други луѓе веднаш биле пренесени во болница во градот Киунгу.
Метју имал сериозни рани на градите но сепак бил надвор од животна опасност. Подоцна бил пренесен во болницата Cairns во Австралија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi