Ако некогаш сте сонувале да живеете покрај плажа, овој дом со сигурност ќе ве инспирира. Сместен во Малибу, на самата плажа со неверојатен поглед, во сопственост на актерката Шарлиз Терон, моментално се издава за 30.000 долари месечно, или пак доколку некој сака да го купи, проценет е на 7 милиони долари.
На 2000 метри кавадратни, домот има три спални соби, три бањи, голема кујна, неверојатен трем со тераса која нуди само уживање и поглед кон океанот. Декорот одговара на типичен калифорниски стил, модерен и соодветен за една куќа покрај плажа.