Милостивата Тамара Еклстон подарува облека… Туф, туф леле:)

26 октомври, 20110
tamara_ecclestone_625_26102011_closermag

Кутрата мала богаташка, како што ја нарекуваат британските медиуми, Тамара Еклстоун, пред извесно време за едно Американско списание дала увид на нејзиниот плакар, истота работа сега ја направила и за британските таблоиди. Тамара уште еднаш открила дека има 100 пара чевли Christian Louboutin, 15 пара UGG чизми, околу 20 пара патики, и тоа е само почеток на нејзиниот плакар со облека, кој се проценува на најмалку 70.000 фунти.
Покрај тоа, Тамара признала дека искористила уште една спална соба во нејзиниот дом и го претворила во плакар, бидејќи немала место каде да ги става новите работи кои ги купува.
Исто така признала дека едно парче облека го носи само еднаш, и никогаш повеќе, освен, се разбира, чевлите и чантите за кои исто така, имала нешто да каже. Тамара изјавила дека обожава Hermes чанти, и во плакарот ги имала околу 20 парчиња. Секоја чанта чини минимум 5000 фунти, а има мали торбици од дизајнерот Александар Меквин, која секоја поединечно чини најмалку 900 фунти.
Тамара не се срамела да признае дека ништо не фрла од облеката, и на медиумите им го открила следното: “Мојата мајка е премногу вознемирена колку пари трошам на облека. Не сака ништо да се фрла, па така облеката ја донира во добротворни цели или ја испраќа на роднините во Хрватска. Луѓето мислат дека сум размазена богата девојка, но сакам да покажам дека сум нешто повеќе од само богата ќерка”, изјавила Тамара. Тамара напоменала дека нејзини професии се водителството и манекенството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma