Дознајте кои актери заработија најмногу оваа година! Ова се најплатените актери во Холивуд

3 август, 20110
leonardo

Магазинот Форбс ја објави листата со најплатените актери за оваа година. Според неа, на прво место се најде Леонардо ДиКаприо, 36, кој изминатава година заработил неверојатни 77 милиони долари. За тоа најмногу придонесоа филмовите “ Inception” и “ Shutter Island”.

На второ место се најде Џони Деп со заработени 50 милиони долари. За неговата заработувачка најмногу придонеле “Пиратите од Карибите 4” и “Ранго”.

Третото место е за Адам Сендлер. Тој заработи 40 милиони долари. Веднаш по него на листата, четврти е Вил Смит со заработени 36 милиони долари. На петтото место се најде Том Хенкс со еден милион помалку од Вил Смит.

Потоа следат: Бен Стилер со 34 милиони, Роберт Дауни Џуниор со 31 милиони, Марк Волберг со 28 милиони, Тим Ален 22 милиони и Том Круз со заработени 22 милиони долари.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi