Восветот постојат многу места кои се карактеризираат само по своите жители. На пример, патот некогаш можеби ќе ве однесе во селото на близнаци, или пак во селото на џуџуњата, а вистинска авантура би било ако отидете во најоддалеченото село во светот.
1. Селото кое има само еден жител, САД – Monowi е село во САД кое во 30-тите години од минатиот век броело само 150 жители. За време на 2000 година жители на селото биле само брачниот пар Руди и Елси Еилер, а откако Руди починал Елси единствената која живее во тоа место.
2. Селото на штули, Филипини – ова село се наоѓа во близина на Самалските острови, Филипини. Селото е населено од припадниците на муслиманското малцинство познато како Бадјао и сочинува 5% од филипинското население. Овие луѓе се познати и како морски Роми, а се хранат единствено со тоа што ќе го уловат и единствена врска со копното им се коралните патишта.
3. Градот шах, Русија – во центарот се наоѓа големата палата шах. Ова место е слабо населено, а дизајнирано е од претседателот кој бил опседнат со шах Kirsan Ilyumzhinov.
4. Селото на близнаци, Индија – селото во кое има регистрирано 250 пара близнаци е Кодинхи во Индија. Докторот Кришан Срибиу ги проучувал близнаците во селото цели шест години и тој тврди дека бројот на близнаци во селото е 300 до 350. Инаку, бројот на близнаци во селото постојано се зголемува.
5. Село на ѓубрето, Египет – ова село се вика Manshiyat Naser, а се наоѓа во предградие на Каиро во Египет. Економијата на селото се базира на собирање и рециклирање на ѓубрето.
6. Село на џуџуиња, Кина – висината на жжителите од ова село не е поголема од метар и пол. Планинската комуна Кунмионг представува прибежиште за дискриминираните џуџиња.
7. Селото во кое не смее да се користи памук, Индонезија – индонезиското село Margomulyaappear ја негува повеќе годишната традиција која забранува употреба на памук, иако памукот кај нив расте во изобилие. Постои верување дека доколку некој од селото стави памук во перниците или душеците ќе ги снајде многу голема несреќа, затоа никој од населението не се осудува да користи памук.
8. Подземниот град, Австралија – Coober Pedy е името на градот во Јужна Австралија, а неговите жители одлучиле да живеат под земја, само за да ги избегнат жештините. Копањето и изградбата на подземниот град чини исто како градењето обичен град. Интересно е што во текот на процесот на копање многу жители пронаоѓаат драги камења, па потоа со тоа ги отплаќаат своите куќи.
9. Најоддалеченото село во светот – Единбург на седум мориња е името на селото кое се наоѓа на најоддалечениот остров на светот Тристан де Куна, кој е оддалечен 2400 километри од најлиската населба Света Елена.