Фармата Дејл во англиската покраина Есекс последниве неколку дена е мета на полициско насилство и пресметка на полицијата со семејствата кои таму се имаат доселено. Британските роми и т.н. ирски патници, кои местото го населиле илегално во шеесеттите години од минатиот век, овие денови се принудени да ги напуштата имотите. Ова го одлучил Врховниот суд, откако се утврдило дека на фармата живеат 82 семејства, иако неколкумина се имаат отселено, сепак некои се борат да останат на оваа земја.
Со децении ромските семејства и ирските патници ја населувале фармата, додека во 2001 година, почнале да се шират низ земјиштето, па локалното население побарало нивно преместување. Иако ромите и ирските патници се населени насекаде во Обединетото Кралство, сепак оваа фарма се смета за нивна најголема наслеба.
Принудното иселување никогаш не е пријатно, а овие денови во Дејл имало и неочекувани насилни сцени.
Стотици полицајци, ги бркале жителите, кршеле огради, палела ќуќи и возила. Населението пак ги нападнало полицајците со цигли, камења, шишиња и железни прачки.
Околните жители на оваа населба, се во страв, ги затвараат своите домови, супермаркетите ги оградуваат своите паркинзи, а полицијата околу фармата ископала јама со цел да се спречи тие да ги пренесат нивните камп приколици на други површини во околината. И, покрај протестите и апелите за помош, оваа битка тие ја изгубија.
Се претпоставува дека во Велика Британија живеат околу 300.000 роми и ирски патници.
httpv://www.youtube.com/watch?v=C7JxlatYSTg