Најдобрите аеродроми во светот :)

20 октомври, 20110
1

Некогаш заминувањето на аеродром било нешто посебно. Меѓуота, масовните патувања, дерагулација и мерките за безбедност аеродромите ги претворија во вистински проблем. Но, повремено можете пријатно да се изненадите со симпатична локална продавница, првокласни уметнички дела или мирно место на кое можете да побегнете од гужвата.

Ви ги претставуваме аеродромите кои ви нудат неверојатни можности, а избрани се межу најдобрите според National Geographic.

Простор и архитекрура

Барајас, Мадрид, Шпанија

Шпанците тоа најдобро го работат: терминал со традиционални остри рабови се поврзува со свод со дневна светлост како во катедрала. Тарминалот освоил Стирлинг награда за архитектура во 2006 година кога е отворен. Светлоста поминува низ бамбусите од кои е составен таванот, па се изгледа многу по егзотично за разлика од вообичаените аеродроми.

Патниците можат да најдат многу киосци на терминалите, но и традиционални багет сендвичи.

Место за целодневен излет

Чанџи, Сингапур

Чекањето на аеродром е поприлично заморно ако ви е доста од списанијата, игрите на телефон и слушање разговори на другите луѓе. На овој аеродром ова не е случај. Како вистински забавен парк, овој аеродром има базен, спа центар, салони за убавина, кино, мултимедијален центар за игри и вистински градини со пеперутки, орхидеи, кактуси и папрати.

Имате време повеќе од 5 часа? Пријавете се за бесплатно двочасовно разгледување на градот на терминалите 2 и 3.

Wi- Fi

Сан Франциско, САД

Повеќето аеродроми, вклучувајќи ги бостонски Логан и Скај Харибор во Феникс заслужуваат признание за бесплатен Wi- Fi, но аеродромите во Сан Франциско достигнало ново ниво на услуги со опрема и приклучоци на сите терминали па дури и во рестораните. Постојат маси со повеќе места и многу удобни столчиња каде може да го сместите вашиот лаптоп, а децата можат да играат посебен дел. Тука можете да јадете сендвичи со манго.

Култура на ниво

Шипол, Амстердам

Овде културата го надминува нивото на јавна уметност. Ова е додаток на Ријкс музејот со ротирачка изложба од матичната куќа, но постои и постојана мини-колекција на ремек дела од залатното доба (Dutch Goledn Age), а двете се бесплатни.

Доколку сакате литература, сместете се удобно со книгата до лажниот камин во новата библиотека на аеродромот каде можете да изберете повеќе од 1200 наслови на 29 јазици, слушајте музика и симнувајте филмови кои можете да ги гледате на некои од 9 iPad-ови.

Шопинг терапија

Хитроу, Лондон

Лондон со повеќе простор за подавници од повеќето помали трговски центри, тука имате можност да го испразните новчаникот на најбрз можен начин.

Тука е и познатиот Хардос (со луксузна облека и колекција), Мулбери и продавници со сувенири, знамиња од Олимписките игри во Лондон 2012. Тука се Јо Мелоун и Прада која ретко ќе ја видите на некој аеродром.

Направен да ги задоволи патниците

Минхен, Германија

Германски модел на ефикасност. Тука, во просек ќе чекате 6 минути за багаж, а се си тече импресивно по ред, особено терминалот 2. Новиот шалтер за информации на терминалите им дава обавестувања со упатства за помош преку екран, вклучувајќи и време потребно за пристигнување на одреденото место на пешакот и времето за пасошка контрола.

Вистински работници се појавуваат на екранот со помош на мониторот за конференциска врска и одговараат на вашите прашања.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi