Глумиците Дру Баримор (36) и Ен Хатавеј (32) наскоро би можеле да се најдат пред олтар. На Дру ова би и бил трет брак после само шест месеци забавување со Вил Копелман. Тој пак признава дека никогаше не бил посреќен и се очекува негов следен чекор да биде понудта за брак.
Што се однесува до Ен Хатавеј, таа е во врска веќе три години со Адам Шулман и ова би и било прв брак. Присуството на венчавката на нејзината најдобра пријателка најверојатно ја потикнало да размислува за брак, затоа што сама изјавила дека блесокот кој го видела на лицето на својата пријателка и го разубавил животот и дека би сакала да се почувствува и таа така блескаво и среќно.
„Дефинитивно сум спремна и отворена за брак. До пред неколку месеци не го сметав тој чин за романтичен, но сега гледам од друг агол. Оваа промена на моето гледиште кон брак му донесе олеснување на Адам, затоа што тој отсекогаш посакуваше романтична венчавка“, изјави Ен на промоцијата на својот нов филм „Еден ден“, снимен според хит-романот на Дејвид Николс.