Дрвенград

27 мај, 20110
DSCN4158

Дрвенград е етно село кое е сместено во Србија кај Мокра Гора во општината Ужице. Се наоѓа помеѓу Златибор и Тара. Изградено е на брдото Меџавник по замисла на филмскиот режисер Емир Костурица за филмот “Живот је чудо”. Меџавник надвиснува над селото Мокра Гора и се наоѓа на висина на исто ниво со железничката станица Јатаре, низ која поминува железничката патеката “Шарганска Осмица”.

Тоа е во облик на правоаголник и на едната долга страна е поставена главната капија.

Кострица го купил целиот овој простор за потребите на филмот, но поради убавините кои ги поседува решил да направи една вила во која ќе ги покани своите пријатели. Сè започнало со таа вила, но потоа тој продолжил да гради и на крајот го добил денешниот изглед на еден град. Во него има црква која е посветена на Св. Сава, вили, пазар во кој има многу мали продавници, слаткарници, книжара… кои се автентични. На овој пазар не се застапени никакви брендови, се што таму се продава е од домашно производство. Плоштадот, како и патеката која води до него е поплочена со дрво.

Стручното жири на бриселската Фондација за архитектура Филип Ротие, делото на Костурица го прогласи за најубаво архитектонско остварување во Европа.

За својот град Емир Костурица изјавил: “Измислив град кој изгледа како да имало живот одсекогаш во него”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi