Дубровник

20 јуни, 20110
dubrovniknaslovna

Еден од најубавите и нај стари градови на Јадранската ривиера. Се наоѓа во Хрватска и е еден од најпосетените туристички центри во Хрватска. Доколку сакате одмор и стари знаменитости, а не сте се одлучиле каде Дубровник ви нуди можности повеќе од очекуваното. Дубровник своевремено бил и Дубровничка република.

Датира некаде од средината на 7 век, а името на латински е „Рагуса“. Нуди безброј можности за туристите, како забава, одмор, така и за гурманите нај разновидна морсска храна. Сепак нај посетен е стариот дел од градот, а во сезоната на летните одмори се одржуваат безброј манифестации.

Градот Дубровник уште е познат во светот под прекарот ,,Бисер на Јадранот,, и воедно се наоѓа и на листата на УНЕСКО како место со светско културно наследство.

Денеска Дубровник е најголемата гордост за Хрватската држава во кој се развива елитниот туризам и е еден од најубавите градови на Медитеранот и дефинитивно место кое не смеете да пропуштите да го посетите!

Опсегот на сместување во Дубровник е голем. Може да најдете многу хотели од оние со 1 ѕвезда па до 5 ѕвезди. Најпознати хотели во овој град се  The Pucic Palace, Hotel Excelsior and the Grand Villa Argentina. Хотелите од средна класа се сместени на Lapad и Babin Kuk, во западниот дел од градот.

Најдобри плажи во Дубровник се:

Banje Beach

Оваа плажа е најблиску до стариот град, со што претставува најзгодно место за посета на плажа, а воедно со поглед кон старите ѕидини на градот. На оваа плажа можете да изнајмите чадори, лежалки, столици, но исто така можете и само да го спуштите вашиот пешкир на песокот.

Copacabana Beach

Иако името можеби ќе ве потсети на Рио, сепак ова е совршена плажа на Бабин Кук полуостровот. Често одат фамилии поради тоа што водата тука е плитка, а има тобогани за деца. Спортските типови на оваа плажа ќе уживаат во скијање на вода, сурфање и други водни спортови.

Lapad Beaches

Плажите на овој полуостров се пред големите хотелски комплекси. Овие плажи се отворени за сите посетители.

Sv. Jakov Beach

Малкумина туристи знаат за оваа плажа, но локалните жители многу ја сакаат веројатно токму поради овој факт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *