По катастрофалниот неуспех од нејзиниот втор албум, Duffy реши да се повлече од музичката сцена. Таа најави повлекување не можејќи да го поднесе неуспехот кој го доживеа на музички план.
Но, несреќата не ја прати само на музичкото поле. Таа ја прекина и 18 месечната врска со рагби играчот Mike Philips. Како причина за прекинот на врската се смета трансферот на Mike во еден клуб во Франција. Извор близок на пејачката изјавил дека во последните неколку месеци тие често имале кавги и на крајот и двајцата се сложиле да ја прекинат врската.