ЕУ не планира укинување на визната либерализација за Македонија

23 мај, 20110
2087217652_a150fc0557
Европската унија планира да воведе механизам кој ќе овозможи во вонредни ситуации визниот режим да биде повторно воведен по забрзана процедура, но тоа никако не значи дека Македонија и Србија ќе бидат симнати од белата листа за визи, рекол за “Танјуг“, портпаролот на Европската комисија Мартин Грајбец, пренесува НетПрес.
“Предлогот кој Европската комисија ќе го претстави пред Советот на министри, претставува само дополнување на постоечките регулативи околу шенсгенскиот визен режим за државите кои се наоѓаат на белата листа и не е директно поврзан со проблемот на поголем број на азиланти кои во ЕУ доаѓаат од Македонија и Србија“, прецизирал Грајбец.
Тоа според неговите зборови, не значи дека повторно ќе биде воведен визен режим за граѓаните кои патуваат во ЕУ, туку тоа ќе и помогне на унијата по забрзана процедура во некоја вонредна ситуација повторно да воведе визи, додаде Грајбец.
Советот на министри на ЕУ на 9 и 10 јуни во Луксембург треба да го усвојат предлогот на Европската комисија кој комесарката за внатрешни работи Сесилија Малмсторм на 12 мај го образложи пред министрите за внатрешни работи, нагласувајќи дека визите по итна постапка ќе бидат вратени за некои земји во случај да дојде до нерегуларна миграција од поголеми размери или пак да дојде до злоупотреба и загрозување на безбедноста на ЕУ.
Во предлог кој Европската комисија го поднела за зајакнување на шенгенскиот систем се нагласува дека визната либерализација за некои земји од Западен Балкан “бил навистина поволен чекор кој покажал дека е можно добро да се осигури движењето во безбедно окружување“.
“Зајакнатата контрола“ во спроведување на визната либерализација Европската комисија ја вовела за земјите од Западен Балкан  уште во јануари, на инсистирање на Франција и Холандија кои со тоа ја условиле согласноста за визна либерализација на Босна и Херцеговина и Албанија.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber