Ердоган ги отфрли обвинувањата за поврзаност со секс сканадалот

23 мај, 20110
erdogan_vs_kurds
Турскиот премиер, Таип Ердоган ги отфрли обинувањата на лидерот на опозициската партија, Девлет Бахчели дека неговата партија стои зад објавувањето на видеата со сесуална содржина, поради кои 11 членови на Партијата за националистичко дејствување дадоа оставка.
Ердоган напоменал дека неговата партија нема никаква врска со тие видео снимки и рекол дека тоа е дело на криминални групи кои се поврзани со партиите кои сакаат да ја “редизајнираат“ опозицијата.
Оставки поднеле заменик претседателот на партијата, Дениз Болјукбаша, секретарот Мустафа Џихан Пачаџ и други високи претставници, кои со години се на челни позиции на оваа турска националистичка формација – Мехмед Екиџи, Осман Чакар, Јумит Шафак и Мехмед Тајтак. Дел од видео материјалите биле објавени на Интернет, а со снимките било напоменато дека има уште компромитирачки записи за членови и функционери на ПНД.
Според објавените информациите, оваа партија неколкупати ја потресуваат слични скандали. Четворица високопоставени функционери на ПНД, меѓу кои и двајца заменици претседатели, на почетокот на месецов поднеле оставки откако исто така на Интернет биле објавени нивни видео снимки со сексуална содржина.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi