Два фустани на Лејди Ди продадени за 276.000 долари

popara9 мај, 20111min00
dijanadress

Два фустани кои ги носела принцезата Дијана биле продадени вчера на аукција во Беверли Хилс за 276.000 долари, објавила агенцијата Франс прес.

Првиот- црна вечерна тоалета извезена со дијаманти и кратки ракави инспириран од индиски мотиви, бил продаден за 144.000 долари. Овој фустан бил купен за посетата на Дијана во Индија во 1992 година.

Вториот фустан – светло син долг фустан од шифон, без прерамки, продадена е за 132.000 долари. Дијана овој фустан го носела три пати, вклучувајќи го гостувањето на Канскиот филмски фестивал во 1987 година.

Идентитетот  на купувачите на двата фустани не е откриен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag