Конференцијата iWorld, која ќе се одржи на 26 јануари, ќе биде местото каде Apple ќе ги претстави двата нови iPad-a, пишува DigiTimes.
Заедно со iPad 2, кој според некои гласини би можел да поефтини, овие три модели би ги „напаѓале” сите ценовни категории – најниската со iPad 2, а средната и високата класа со новите уреди.
DigiTimes пишува дека еден од нив ќе биде 9,7 инчниот таблет со QXGA резолуција (1536 х 2048 пиксели).
Sharp ќе биде главниот добавувач на панелите за новата генерација на iPad, додека Samsung и LG Display ќе останат добавувачи за еден дел од нарачките.
Пред овие, од извор на блиските добавувачи, стигнаа информации дека новиот iPad би можел да биде претставен на крајот на февруари.