Вчера фановите на Мајкл Џексон ја одбележаа две годишнината од смртта на својот поп идол. Мајкл Џексон почина на 25 јуни 2009 година, од прекумерена доза на седативи.
Огромен број на фанови се упатија кон неговиот гроб во меморијалниот парк Forest Loun, во Лос Анџелес, каде положиле цвеќе.
Оваа година, годишнината од неговата смрт поминала во многу помирно издание, а разлика од она лани кога се организираа големи концерти каде се играше и пееше во ритамот на музиката на Мајкл Џексон.