Познатиот режисер Џејмс Камерон најавил дека двете нови продолженија на популарниот филм “Аватар”, би можеле да се очекуваат во светските кино сали околу Божиќ 2014 односно 2015 година. За магазинот “Ентертејмент викли” оскаровецот Камерон открил дека планира да работи и на двете продолженија истовремено. “Потпишав договор со Фокс, во кој се обврзавме дел од заработката од филмовите да ја донираме во програми за заштита на околината бидејќи и тоа е пораката на овој филм, да се зачува планетата. Не сакав да снимам продолжение на филмот без претходно поставени цели”, објаснува Камерон.
Извор: Нетпрес