Две земји без интернет поради една жена

7 април, 20110
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Грузија и Ерменија останале без интернет и тоа не поради одлуките на властите, туку поради една старица.  Една грузијка 75 годишна старица го пресекла оптичкиот кабел додека собирала бакар и така ненамерно го исклучила интернетот во Грузија, Емремнија и некои делови од Азербејџан. “Таа го пресекла кабелот додека собирала бакар, со цел да го украде“ изјавил министерот за внатрешни работи на Грузија. Бидејќи Грузија обезбедува 90% од ерменската интернет конекција, оваа ненамерна саботажа имала катастрофални последици. Интернет корисниците во соседната земја останале 5 часа без интернет, счично помина и поголемиот дел од Грузија и помал дек од Азербејџан. Неименуваната старица е уапсена и се очекува да добие затворска казна до три години, доколку биде обвинета.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *