Џабе им се на Скандинавците најголемите мозоци, кога не знаат како да ги искористат?!

popara3 август, 20111min00
scandinavci

Луѓето кои живеат на север, за подобро да се снаоѓаат во долгите, мрачни зими, повеќе им се развиле мозокот и сетилото за вид, тврдат истражувачите од Оксфорд универзитетот.

До овој заклучок дошле по проучувањето на 55 човечки черепи, од дванаесет земји и региони. Тие откриле дека човекот што живее подалеку од екваторот има покрупни очи поради помалата светлина.

И што посеверно живее човекот, толку поголем мозок има, но не зошто е попаметен од оние кои живеат појужно, туку поради недостатокот на светлост потребен е поголем мозочен дел кој е задолжен за визуелна ориентација.

Користените примероци, кои некои датираат дури од дванаесетиот век, потекнуваат од Англија, Австралија, Канарските острови, Микронезија, Кина, Франција, Индија, Кенија, Скандинавија, Сомалија, Уганда и САД.

Утрвдено е дека големината на очната и мозочната празнина можат да бидат директно поврзани со потеклото на проучуваниот череп. Најголем мозок имаат Скандинавците, а најмал жителите од Микронезија.

Но, истражувачите напоменуваат: иако имаат најголем мозок, не значи дека се најпаметни!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag