
Џастин Бибер конечно во живо ги негирал наодите дека е татко на детето на една од неговите обожавателки. Иако Марија Јетер тврди дека имале сексуални односи зад сцената и дека потоа останала бремена, Џастин пред ТВ камерите изјавил дека ништо од тоа не е точно. “Не сум ја сретнал оваа жена. Јас само сакам да кажам дека сите овие тврдења се невистинити. Знам дека ќе бидам мета, но никогаш нема да бидам жртва. Секоја вечер по изведбата од сцената одам директно во автомобилот, така да ништо не е точно од тоа “,изјавил младиот пејач кој гостувал во шоуто Today.
http://www.youtube.com/watch?v=XzYWqyAo2w8&feature=player_embedded