Пејачот Џастин Бибер наводно стана “инстант татко”. Поточно, Марија Јетер изјавила дека пејачот е татко на нејзиното дете кое е родено во јуни оваа година, а наводно го зачнале на 25 октомври 2010 година.
Од страна на адвокатите на Марија било побарано Џастин да направи ДНК тест за да може да се види дали тој навистина е татко на бебето.
Иако се уште не полнолетен според американските закони, ако ДНК тестот биде позитивен, Џастин ќе стане татко на детето и за него ќе мора да плаќа алиментација.
“Постојат веродостојни докази дека Џастин е татко на ова дете, но ако не сака да се направи ДНК-тест, ние ќе побараме од судот да го реши ова прашање. Ако толку е сигурен дека не е татко на детето, тогаш нема причина да не го направи ова тестирање и да избегне многу поголем публицитет, изјавиле адвокатите на младата мајка.