Фрик Шоу ! Без коментар! :)))

4 ноември, 20110
01 modified-zombie 01


1. Рик – Зомби. За повеќе од 24 часа тетовирање и цена од 4,075 Канадски долари, Рик стана полуславна личност на интернет, со своите тетоважи.

2. Хорејс Ридлер – Зебра човек . Професионален фрик ( изрод ) изведувач на претстави, кој уште се нарекува и Омни.

3. Катзен-Тигар дамата. Тајгер лејди и е сценското име , а таа е професионален изведувач на претстави и професионален мајстор за тетоважи.

4. Човекот со пипци. Непознат Бразилец кој си ги покажа своите вметнати импланти во форма на пипци од октопод.

5. Елејн Давидсон – Жената со најмногу пирсови во светот. Давидсон го држи рекордот со 462 пирсови на телото, од кои 192 се само на нејзиното лице.

6. Ерик Спрак – Човекот гуштер. Тој е првиот човек во светот кој го поделил јазикот на два дела, и притоа преку тој чин стана славен во циркусот. За да се го претворат во гуштер потребни беа 700 часа тетовирање, надоградба на импланти на веѓите, острење на забите и поделба на јазикот на два дела.

7. Том Лепард – Човекот Лепард. Тој е поранешен рекордер во Гинисовата книга на рекорди, за човек со најмногу тетоважи на своето тело. Тој сега има 73 години, а за неговите тетоважи му беа потребни 5,500 фунти.

8. Жулија Гнулс – Илустрираната жена. Таа е родена со состојба на кожата наречена порфилија, што значи дека определени делови, самите се уништуваат и остануваат како лузна, па затоа и Гнулс се реши преку овој чекор да ги покрие истите.

9. Пол Лорен – Човекот Енигма. Неговото тело е покриено со сини истетовирани парчиња од сложувалка, настапува на претстави голтајќи мечови, набивајќи долги шајки во носот и голтајќи разни еспериментални течности. Покрај ова тој е и музичар.

10. Денис Авнер – Човекот мачка. Има надоградби и импланти на своите образи, веѓи, на забите, на носот, посебни леќи, тетоважи на лицето,  и се тоа со цел да го приближи изгледот на дивата мачка.

11. Етиен Думонт . Тој  е уметнички и културен критичар за еден весник од Женева кој реши да го покрие своето тело од глава до пети со најразлични тетоважи кој досега никој ги немал.

12. Лаки Дајмонд Рич – Човекот со најмногу тетоважи на светот. Лаки е од Австралија и се занимава со жонглирање со моторна пила, возење моноцикл-велосипед во циркус, голта мечови и сл. Тој потроши преку 1000 часови да го модифицира своето тело на овој начин и со помош од преку стотина „тату“ мајстори. Прво своето тело целосно му беше прекриено со тетоважи со сина боја, па потоа прекриено со црна боја, и на крајот ја комбинираше црната со бели дизајни. Со овие тетоважи тој сега официјално е прогласен за човекот со најмногу тетоважи на светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *