Мила Кунис е партнерката на Џастин, или барем во филмот кој го снимаат. Иако според многумина тие се вљубени и се во врска, Мила кажува нешто поинаку.
Таа изјавила дека за време на снимањето на сцените со секс, Џастин бил толку здодевен што таа заспивала. Некои од сцените траеа и по 18 часа. Во една сцена во која јас лежам на грбот, а тој ме бакнува ги затворив очите и едноставно заспав, изјавила Мила.
Овој филм зборува за двајца млади пријатели, кои сакаат да останат пријатели пред се, но и да имаат секс. Тие се сложуваат на врска без обврски, но каде ќе ги донесе тоа…