Џеј бил професор:)) го учел синот на Брена да краде:)))

30 септември, 20110
dzej

Од рана возраст научи занает!

На снимањето на првата сезона на “Гранд шоу”, Џеј не почести со уште една интересна приказна во која, покрај него се вклучени и Лепа Брена и нејзиниот син Виктор, кој денес полни 13 години.

-Лелее, кога ќе се сетам! Го научив најмалиот син на Брена да ги краде торбите на жените на плажа пред околу 10 години, почна да раскажува Џеј, а друштвото внимателно го пратеше.

-Му покажував фора со крпа кога бевме во Пореч. Ноншалантно да ја спушти крпата покрај торбата и кога ќе тргне да ја земе, ги собира и двете. Право шоу! Малиот одма сфати што треба да прави  и им ги украде торбите на пет жени. Брена полуде! Ме бркаше по плажата и ме навредуваше! Морав да им ги враќам торбите на жените. Умирав од срам…, едвај ја изговори последната реченица, смеејќи се на глас.

И Брена била повикана во емисијата, со цел да се потсетат на оваа шега и лично да пренесе како се чувствувала во овие моменти, но за жал, таа била премногу зафатена поради снимањето и подготовките за престојниот спектакл во Арената.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *