Иако пред две недели покренаа бракоразводна постапка, Џеј Ло и Марк се видени заедно. Тие се видени како излегуваат заедно од црвен кабриолет и потоа се упатиле на плажа. Тие биле расположени и насмеани во друштво со своите пријатели.
Блиски извори на Џеј Ло и Марк велат дека таа средба била со цел Марк да помине некое време со децата. Дали се ближи смирувањето на Џеј Ло и Марк или пак она што го велат пријателите е вистина ќе почекаме за да дознаеме.
Пред извесен период Марк сакаше да се смири со Џенифер, но таа сепак го избра животот во кој ќе биде сама и посветена на децата.