Џеј Ло и Марк Ентони повторно заедно?

popara20 септември, 20111min00
jennifer-lopez-marc-anthony

Џенифер Лопез повторно реши да помине некое време со Марк Антони за време на изминатиот викенд. 42-годишната судијка на Американски идол била забележана на 17-ти септември како поминува време со сопругот со кој неодамна се разделија. Поводот бил 43-тиот роденден на Марк, кој тие двајца го прославиле во топлиот Мајами, Флорида.

Двојката е видена како шета покрај базенот со некои пријатели, уживале заедно со целото семејство, 3-годишните близнаци Ем и Макс во домот кој едно време им беше заедничко гнездо. Двајцата беа облечени во удобни маички, шорцеви и носеа очила за сонце.

Претходната вечер пред роденденот, Марк имал настап во Мајами и на сцената се расплакал. Оттука продолжил на приватна забава во Клубот 50, исто така во Мајами.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma