Иран: Јавно обесени 22 дилери на дрога

20 септември, 20110
slike-svet-5-ve__anje_544553855

Иранските власти во еден ден обесиле 22 дилери на дрога, што претставува најголема збирна смртна казна за оваа година во таа земја. Во неделата со бесење биле убиени затвореници од затворите во Техеран и Карај, известуваат странските медиуми.

Од јануари до денес, Иран казнил со смрт околу 200 дилери на дрога. Во текот на изминатата година во оваа земја биле обесени 179 лица, додека во 2009 година, тој број изнесувал 388 лица.

Според шеријатскиот закон кој владее во Иран, смртната казна добиваат лица кои се занимаваат со дилање на дрога, за лица кои извршиле убиство и вооружен грабеж, за силување, прељуба и хомосексуални односи.

Исламската Република Иран смета дека смртната казна е од суштинско значење за одржување на редот и законот во државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi