Џеј Ло не застанува…во исчекување на “жешкото” видео за „Papi“

popara22 август, 20111min00
jennifer lopez

Џенифер Лопез реши да не си ја пробува среќата со третиот сингл од нејзиниот албум „Love?“ и овој пат ќе оди на сигурен успех. Откако во етерот беше пуштен спотот за летниот хит „I’m Into You“ и се виде дека нема да стигне на листите како што беше очекувано, 42-годишната поп дива одлучи на своите фанови и на медиумите кои постојано ја следат да им ја сервира песната „Papi“ во продукција на RedOne. Таа вели дека овој латино звук ќе биде убиствен и ќе грми од нејзините звучници. Да! Одличен избор!

Џенифер не сака повеќе да ја одложува промоцијата на новиот сингл и затоа во саботата (20 август) таа веќе започна со снимањето на видеото за овој хит и тоа во центарот на Лос Анџелес. На режисерскиот стол седеше Пол Хантер, а кореограферите Наполеон и Табита, наречени „Мислиш дека имаш појма од играње“, и помагале на Лопез да ја изведе кореографијата која се смета дека е исто толку жешка колку и самата песна. Во прилог ви даваме неколку слики од снимањето на спотот. Кул слики, нели? Сите се прашуваме каква сторија ќе лежи позади видеото… ама за жал ќе мора уште малку да почекаме.

Само запомнете дека „Papi“ е песна со жежок латино стил, па да се надеваме дека Џеј Ло нема да заборави да го додаде тој зачин во видеото. Идниот хит оди вака:

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=1M76SHXOVGs

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag