И холивудските ѕвезди пејат на свадби. Но, не за мали пари. Џенифер Лопез, која пред само неколку дена објави дека се разведува, доби одлична понуда.
Таа на 19-ти јули ќе пее на една украинска свадба и тоа за еден милион долари. На свадбата, која всушност е свадба на украиснки богаташ ќе се појави со своите две деца.
Џеј Ло не е единствената која зема големи пари од свадби. И нејзините колешки Кристина Агилера и Мајли Сајрус исто така оваа година заработија огромна сума на пари од вакви свечености.