Џеј Зи го шири бизнисот

5 јули, 20110
Kevin Mazur

Американската хип хоп звезда Џеј Зи планира идната година во британската престолнина да отвори ноќен клуб, како дел од неговиот синџир ноќни локали под името “40/40“.

Компанијата NVA, која го потпиша договорот вреден повеќе од милион фунти, наведува дека објектот ќе се состои од ресторан и бар, а наводно ќе биде отворен во партнерство со англискиот фудбалски репрезентативец, Ешли Кол.

“Лондон е еден од највозбудливите градови во светот и одлична локација за нашиот нов клуб“, изјавил раперот Џеј Зи, истакнувајќи дека лондонскиот 40/40 ќе биде едно од “најжешките“ места во градот.

Раперот најавил и дека секој месец дел од профитот ќе биде одвојуван за добротворни цели за младите луѓе.

Џеј Зи, неодамна купи акции во ФК Арсенал, а ги поседува клубовите 40/40 во пет американски градови, меѓу кои Њујорк, Атлантик Сити и Лас Вегас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi