
Еден од поомилените филмови од моето детство неодамна го прикажуваа на телевизија – Божјо оружје со Џеки Џен и по гледањето на филмот, си помислив “Леле, колку пати се смеев на познатите акциони сцени на Џеки, но речиси никогаш не помислив дека повредите на Џеки се толку сериозни!’’. Потонат во мисли дали воопшто Холивудските актери изведуваат такви опасни сцени или тоа за нив го прават каскадери во секои филм. Мојот став го подржуваат и фановите на Џеки низ целиот свет, дека е последниот вистински акционен херој! Еве една мала ретроспектива на неговите повреди, со добро видео клипче, и размислите дали некогаш Том Круз или Бред Пит доживеале вакви повреди!
Божји Оклоп 2: Операција Кондор – Дислоцирана крадна коска (стернум)
За време на снимањето на филмот Божји оклоп 2, Џеки паднал од синџир и изместил стернумот.
Корумпиран политичар – Повреди на лице
Во Ирска, впрегната жица го погодува и оттргнува лицето на Џеки, за малку ќе го исгубел видот. За негова среќа раната не била толку длабока и тој заздравил.
Повреди на раце
Сте скршиле ли некогаш прст? Не се работи за болката, туку чуството е незгодно и необично. Епа, Џеки ги испокршил сите прсти и тоа многу, многу пати. Тој секогаш ја кажува приказната како откако ќего скршел прстот, само ја враќа назад коската и продолжува со снимањето.
httpv://www.youtube.com/watch?v=HA1ZwbXHGyA
Повреди на грбот
За време на снимањето на омилениот филм на Џеки „Полициска приказна“ се случува најнезгодната повреда во неговата кариера. Сценскиот пол слајд трик за малку ќе го оставел парализиран, кога тој речиси го скрши седмиот и осмиот пршлен на ’рбетот. Исто така здобива со изгореница од втор-степен на кожата на дланките и прстите, токму за време на оваа секвенца.
Божјиот Оклоп – Повреди на главата
Џеки некако ја испуштил гранката обидувајќи се да ја дофати во еден прилично рутински трик. За несреќа тој паднал со главата право на карпа (го промашил снимателот за неколку сантиметри) и се здобил со фрактура на џерепот. Веднаш бил однесен во болница и опериран. По неколку недели целосно опоравен и прилично глув на едното уво, продолжил со снимањето на филмот.



