Џесика Бил и Џастин Тимберлејк повторно заедно?

7 јули, 20110
v211119p0

Три месеци откако решија да “останат пријатели”, актерката и пејачот поворно ја обновија романсата.

Џесика Бил и Џастин Tимберлејк фотографирани се на романтична вечера во Торонто, на која се обидуваат да “пробаат повторно”, ја пренесуваат светските медиуми изјавата на анонимен извор близок до двојката.
“Тие зборуваа и решија да и дадат на врската уште една шанса”, изјави пријател на двојката за американски таблоид .

Џесика и Џастин биле околу четири години заедно, и прекинале поради поранешната девојка на Тимберлејк, Камерон Дијаз со која тој се зближил на снимањето на филмот “Bad teacher”.

Медиумите подоцна објавија дека пејачот ја измамил Џесика со Мила Кунис и дека неодамна поминал една ноќ со Скарлет Јохансон.

Додека, Џесика Бил по прекинувањето на врската ја повруваа “само” со Џерард Батлер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *