Џоли не знае географија?! Па добро бе малце да не има прошетано:)))

23 декември, 20110
joli

Додека ја развивала приказната за љубовниците од спротивните страни на Босна, актерката Анџелина Џоли инспирација црпела од сето она што го научила патувајќи по воените зони во светот и замислувала како таа и нејзиниот партнер Бред Пит би се снашле во таква ситуација.

-Најсилната врска во мојот живот е Бред, изјавила Џоли во интервјуто во пресрет на премиерата на филмот.

-Тоа е однос помежу маж и жена. Кога пишував, размислував како би било ако јас се најдам во таква позиција. Како би го поднела тоа. Дали би се свртела против него или он против мене?, објаснува Џоли.

Кога започна војната, Џоли била тинејџер и не била заинтересирана за војната на другиот крај на светот.

-Имав 17 години и не знаев ништо. Се чувствував одалечено од се, додека Америка не се вмеша, не се сеќавам дека нешто од тоа сум видела по весниците, изјавила таа.

Посетите по воените зони и ја смениле перспективата, но всушност децата и биле главниот катализатор за промена. Џоли вели дека сценариото за филмот го напишала како лична вежба и кога Пит го прочитал ја убедил да го испрати на одредени луѓе да го прочитаат и да и кажат свое мислење.

Без да го потпише, Џоли го испратила сценариото на сите страни на војната во Босна. Реакциите биле позитивни и актерката набрзо почнала да ги избира локалните актери кои ја преживеале војната или познавале луѓе кои ја доживеале истата судбина.

Џоли додава и дека сака нејзините деца еден ден да го погледнат филмот, но за сега гледаат само цртани филмови како “Кунг Фу Панда”.

Филмот денес ќе доживее промоција, а од средината на февруари ќе може да се гледа и во Босна, Србија, Хрватска. А од денес до 28 декември ќе се прикажува во еден мултиплекс во Сараево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi