Сигурно сите мажи му љубомореа на Бред Пит кога објавивме сочни детали за сексуален живот на славните Бранџелина. Епа момци, ни на наш Бред не му е лесно со жената! Како и сите жени, и таа му „мрчи“ на глумецот што поминува малку време дома. Ама Џоли, те молиме разбери дека човекот иде да заработи пари за своето семејство, а не да се швалерисува.
Џоли всуштност му се лути на Бред затоа што поминува многу време на сетот на новиот филм World War Z кој го снима во моментот во Лондон, а се помалку време со своето големо семејство. И тоа не заради ништо друго, туку затоа што, и покрај сите дадилки и слугинки, Џоли се чувствувала уморно.
Признаваме дека чувањето деца е напорна работа, ама ако Џоли се буни, тогаш што да кажат нашите домаќинки? Е овие глумциве навистина биле размазени…