Џон Траволта ја доби улогата во филмот “Gotti: Three generation”, каде ќе го глуми кралот на подземјето.
Готи бил на чело на подземната мафија која владее со источниот брег на САД. Со таа цел Траволта имал средба со помладата генерација на Готи, за да дознае нешто повеќе за ликот кој ќе треба да го одглуми.
Сепак акцијата на филмот ќе биде фокусирана на помладата генерација на Готи, како и нивното напуштање на семејниот бизнис и вклучување во легитимен бизнис.