Американскиот актер Џони Деп им раскажал на новинарите застрашувачко искуство кое го доживеал во еден авионски лет додека го снимал филмот Rum Diary.
Во еден момент моторите на авионот престанале да работат, и актерот бил сигурен дека му дошол крајот.
“Тоа беше момент што се чини дека трае вечно. Се чувствував како да лебдам надвор од телото. Сите молчеа освен јас и Брус. Ова е смрт!” извикал Деп.
Во тој момент, моторите повторно проработеле, а Деп почувствувал неверојатно олеснување кое не можело да се објасни со зборови.