По феноменалниот успех на четвртото продолжение од авантурата “Пиратите од Карибите“, познатиот холивудски актер, Џони Деп е во официјални преговори за петтиот дел, односно петтото продолжение на сагата за пиратите.
Иако, неодамна, на една прес конференција актерот изјави дека би сакал да се одмори од улогата на Џек Спероу, изгледа се премислил.
Пред само неколку дена беше објавено дека четвртото продолжение на овој филм веќе ја премина заработката од милијарда долари.
Од Дизни веќе го ангажирале сценаристот Тери Роси да го напише сценариото за петтиот дел на Пиратите од Карибите.