Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Србија

6 јули, 20110
MVR
Во несреќа на магистралниот пат Ниш-Скопје, кај местото Српска Куќа загина македонскиот државјанин Феим С. (43) откако во него удрил Драган С. (51) од Белград, соопшти денеска полицијата во Врање.
Несреќата се случила вчера, околу четири часот во општина Бујановац, кога Драган С. со товарно возило марка “фолксваген“ со белградски регистарски таблички, поради неприлагодена брзина на движење удрил во необележано паркирано возило марка “шкода октавија“ со чешки регистарски таблички.
Истовремено  “фолксвагенот“ удрил и во Феим С., кој се наоѓал покрај автомобилот без сигурносен рефлектирачки елек.
Феим од здобиените повреди починал на самото место на несреќата.
Увид на местото на настанот извршил истражнен судија, заменикот основен јавен обвинител и полициски службеници од полициската станица Врање.
Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *