Медузи затвориле нуклеарка

popara6 јули, 20111min00
meduzi

Јато медузи последниве денови затвориле една нуклеарка во Шкотска, електрана во Израел и испржила 2.000 луѓе во еден ден на плажа во Флорида.

Големиот број на медузи го запушиле филтерот за вода во израелската електрана “Orot Rabin” во Хедер, само еден ден по сличен инцидент поради што морале да ја затворат нуклеарната централа Торнес во Шкотска.

Израелската електрана е затворена, бидејќи медузите ги запушиле системите за ладење на морска вода. Веројатно климатските промени  довеле до зголемување на бројот на одредени врсти.

Истовремено, медузите испекле скоро 2.000 луѓе во областа за Флорида, за време на прославата на Денот на независноста на 4 јули.

Никој не бил потешко повреден и се верува дека медузите стигнале до плажата поради морските ветрови.

Експертите сметаат дека бројот на медузите се зголемува, бидејќи се зголемува киселоста во океаните и на тој начин ги носи природните предатори во помалку кислели подрачја во морето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma