Џони Деп сакал да биде погребан во буре полно со виски!? А да те ставиме во формалин и да блееме во тебе:)))

17 ноември, 20110
johnny-depp-14

Актерот Џони Деп изјавил дека сака да биде погребан во буре полно со виски, каде сите што ќе присутствуваат на погребот да се напијат малку од бурето, да се забавуваат, а потоа да се опростат од него.

Деп идејата за овој бизарен погреб ја добил од неговиот починат пријател – писателот Хантер Томпсон према чиј роман е направен и филмот “Страв и алчност во Лас Вегас”.

Хантер сакал неговиот погреб да биде различен. Тој сакал да го кремираат и неговата пепел да ја испукаат од топ на неговата фарма во Колорадо.

Деп му ја исполнил таа желба трошејќи околу 11 милиони долари за неговиот погреб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *