Британскиот пејач Џорџ Мајкл ќе одржи хуманитарен концерт за помош во борба против сида, во чест на покојната холивудска дива Елизабет Тејлор.
Мајкл ја резервирал салата на Кралската опера во Лондон за 6 ноември, а сите средства од билетите се наменети за Меморалниот фонд Елизабет Тејлор кој неодамна го основала фондацијата Елтон Џон за борба против сида.
“Знам како ХИВ може да влијае на животот на луѓето, да ги уништи семејствата и заедниците, тоа беше основен мотив да се приклучам на оваа акција”, наведува Мајкл во соопштението.
“Начинот на кој Фондацијата Елтон Џон им помага на луѓето ширум светот, на оние на кои им е најпотребно, навистина ме поттикна да превземам нешто”.
Елизабет Тејлор е активно вклучена во собирање средства за истражување и лечење од сида, по смртта на нејзиниот пријател Роко Хадсон 1985 година, а набрзо ја основала и американската Фондација за истражување на сида.