Изгледа дека холивудските актери оваа година се „намерачиле“ на Хаваи. По Риси Витерспун и Џенифер Анистон, папараците ја уловиле и Џулија Робертс на убавите песочни плажи.
Робертс направила одличен избор на бикини, темно сини со тропски дезени кои одлично прилегаат на нејзината фигура. Таа носела и бело фустанче и голема сламена шапка за да се скрие од сонцето, но и од папараците.
Холивудската актерка на одмор заминала со својот сопругот Дени Модер и нејзините деца. Џулија, уживај и за нас.