Ѕвездата на Jackass, Бам Маргера за малку ќе погинел во сообраќајна несреќа:(

29 октомври, 20110
bam-margera-presents-where-the-fuck-is-santa-original

Само четири месеци откако Рајан Дан загинал во сообраќајна несреќа, Бам Маргера, исто така, се судрил со камион. За среќа, Бам останал жив и здрав, и “Jackass” се уште ја имаат една од најголемите ѕвезди.
Полицијата соопштила дека било право чудо како Бам го преживеал сударот на неговото Порше со камион, каде една страна од возилото била целосно оштетена. Сведоци од местото на настанот велат дека Бам излегол од автомобилот и бил видливо вознемирен и веднаш почнал да пцуе.
Интересно е да се напомене дека по смртта на Рајан Дан, Бам Маргера го посетил местото на несреќата каде видливо бил совладан од емоциите и не можел да ги задржи солзите, но сепак се чини дека Бам не мисли многу на тоа кога вози пребрзо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş