Ѕвездите од серијата “Пријатели” не комуницираат со години
29 јуни, 20110
![david_schwimmer](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/06/david_schwimmer-610x269.jpg)
Давид Швимер познат по улогата Рос во серија Пријатели изјавил дека повеќе од седум години не стапил во контакт со останатите глумци од познатата серија.
Многу ми е жал што долго време не сме се виделе, но ситуацијата е многу јасна, јас живеам во Њу Јорк, додека другите актери живеат во Лос Анџелес, сите ние имаме семејства и ангажмани така да времето за дружење е многу ограничено. Единствено сум во контакт со актерот Мет Ле Бланк, изјавил Швимер.
Глумецот на крај додал дека улогата на Рос му е најдрага улога во животот и секогаш ќе биде благодарен што добил можност да ја глуми таа улога.