Ако на Гуливер некогаш му требаат патики за пешачење, слободно може да се обрати во Германија каде, според Гинисовата книга на рекорди, се наоѓа најголемата патика за пешачење во светот.
Оваа џиновска патика за пешачење е долга 7,14 метри, широка е 2,5 метри и висока е 4,2 метри. Патиката е направена од Шу Марке од Германија, а за првпат е презентирана во јавност Хауенстејн, Германија во 2006 година.
Добро Гуливер, за едната нога ти најдовме патика, а за другата снаоѓај се сам!!!